WordPress Macedonia Meetup #13

На 13-тиот meet-up кој што се одржа во Public Room и со доста голема посетеност од над 50 луѓе кои присуствуваа можам да кажам дека имавме одличен и успешен настан. Голема благодарност до сите кои присуствуваа и до организацијата.

Митко Кочковски како предавач и активен член на заедницата на WordPress со 10+ години искуство со WordPress и 20+ учества на WordCamp- ови и сопственик и главен девелопер во WebPigment, каде работи исклучиво Woocommerce теми и plugin-и имаше предавање за „ Гутенберг Едитор“.

Гутенберг е сеуште нешто ново во WordPress светот, со презентацијата на Митко се запознавме со основите на Гутенберг едиторот, и начин како можеме да креираме сопствени блокови за нашите потреби.

Далибор Шојиќ како предавач и IT професионалец со над 20 години искуство со WEB технологии (Microsoft excluded). Full stack developer (HTML, CSS, JavaScript, Apache/Nginx, MySQL, Linux system admin). Работи Tailored Made WEB Solutions, базирани Linux, PHP (plain PHP, порано CodeIgniter, сега Laravel). Консултант и имплементатор на безбедносни мерки за намалување на ризик од губење и злоупотреба на податоци. Лиценциран ISO 9001:2015 проверувач имаше предавање на тема ,,Зголемете ја безбедноста на wordpress сајтот’’.

Да го подигнеме нивото на свест во заедницата, покрај испорака на продуктот и услугата, со оваа презентација дознавме како да обрнеме внимание на можни безбедносни проблеми и нивно едноставно решавање (со задолжително инсталирање на 2FA, сетирање на соодветни file permissions).

Росана Роси Стаменкова како предавач која моментално работи во интернационална компанија како Graphic / Web and UX / UI Designer & Developer и е предавач на Академиите за Графички Дизајн и Веб Дизајн во Creative Hub. Со своето работно искуство повеќе од 6 години и нејзиното богато портфолио опфаќа повеќе области. Како фриленсер работи и за клиенти од целиот свет на различни проекти имаше предавање на тема ,, Најголемите хитови за Графички/Веб и UX/UI дизајн во 2019-та’’.

Од слоеви со интерактивност до светли бои, ги запознавме трендовите што ќе влијаат во 2019 година, дури и подолго. Без разлика дали сакаме да ги следиме трендовите и да ги користиме, едноставно мора да ги знаеме.

Повеќе: https://www.meetup.com/Skopje-WordPress-Meetup/events/259358909/?fbclid=IwAR2Pj7mXSuE6gx7hpnZp0zINN9APck8-fXsqeWxGemSWStkB4srvPyrQUp8